bettyмагазин instahealth здрав советизаздрав bettyмакедони февруари совети bettyинтерв интерв занимливости лековиторастение растение bettyсовети instabeauty skincare аптека днааннифарм нега bettyаптеки instafashion interview nature plants зима препораканамесецот шминка нега
Пролетта е годишно време кое се поврзува со сезонска алергија. За време на пролетта почнува цветање на разни дрвја и треви, а луѓето кои се алергични на полен почнуваат да се жалат на непријатности предизвикани од симптоми на поленска алергија. Алергискиот ринитис е меѓу најчестите заболувања, а застапен е кај 30 % од популацијата, и тоа главно кај млади луѓе.
Терапијата на пролетна алергија може да се подели во три категории: избегнување алергени, фармакотерапија и алерген-специфична имунотерапија. Симптомите на алергија се најизразени кога дува ветер, тогаш поленот се разнесува преку воздухот и главна препорака е затворање прозорци и врати. Се советува алергичните лица тогаш воопшто да не излегуваат надвор. Во случај на излегување, се советува како заштита да користат капа или марама на глава, очила за сонце, да се возат со затворени прозорци, а по доаѓањето дома, да ја истресат облеката.
#BETTYмагазин #здравје #instahealth #советизаздравје
Боењето свилени марами дава безгранични можности за играње со боите, фантазијата и различните техники. Додека класичните техники подразбираат употреба на восок и користење рамки конструирани така што марамите ќе се распнат над нив, ние се одлучивме за нешто поедноставен пристап кој одзема помалку време. Трпението, секако, е неопходно при изработка на ова забавно хоби, но крајниот резултат секогаш вреди за вложениот труд.
#BETTYмагазин #fashion #instafashion #DIY #хоби
Битолчанецот со моќен глас кој со својата „Тајфа“ ги освојува симпатиите на публиката, говори за своите музички почетоци, развој на кариера и успеси. Димитар, кој долги години на сцената просперираше како соло пејач, говори за тоа како функционира со „Тајфата“, кој ги носи одлуките во бендот, на што работат во моментот. Преку интервјуто дознавме и во кои активности младиот пејач приватно ужива. Ексклузивно за BETТY магазин ‒ Димитар Андоновски
#интервју #BETTYинтервју #BETTYмагазин
Стравот од отфрлање најдобро се победува со избегнување крајности. Секој од нас во некоја мерка се плаши од социјален или љубовен неуспех, но тоа не значи дека треба да се додворуваме за да бидеме прифатени, како што не треба да избегуваме комуникација за да не бидеме повредени. Клучот кој отвора врата на стабилни односи е во мерката. Треба да се почитуваме себеси, своите желби и потреби, но и да ги уважуваме другите, бидејќи во таа заемност се градат стабилни односи. Ако ги прифаќаме другите луѓе со сите нивни доблести и мани, истовремено им даваме прилика и тие нас да нè прифатат и кога не сме сосема перфектни.
#BETTYмагазин #здравје #instahealth #советизаздравје
Collecter les statistiques #BETTYМАГАЗИН effectuez une recherche à l'obtention des statistiques (Aller à la sélection).