bettyсовети здрав превентива зима студениденови bettyмагазин instabeauty skincare нега юридическиеуслугиновокузнецк
Играта на светлината и сенките може да влијае на изгледот на вашите очи.
Избегнувајте темни сенки ако сакате очите да ви изгледаат поголеми. Природен изглед ќе постигнете со нанесување црн молив на внатрешноста на горниот дел од капакот, под трепките. Дополнително дефинирање ќе постигнете со помош на лесен бронзер нанесен на превојот на горниот капак. Оние со посветли очи може да постигнат дополнителна изразеност со нанесување виолетов ајлајнер наместо црн или кафеав. Беж ајлајнер нанесен на долниот внатрешен дел на окото, со црн молив на трепките, ќе направи малите очи да изгледаат покрупни. Ајлајнер не би требало да се нанесува во еден потег, туку прво од внатрешниот агол кон центарот, а потоа од надворешниот агол додека не се пополнат празнините.
#BETTYмагазин #BETTYсовети #нега #skincare #instabeauty #шминкање
Посветлите нијанси даваат пополн изглед на усните, потемните ги прават потенки.
Дополнителна полност на усните ќе им даде сјај нанесен на нивната средина. Природните контури на усните ќе ги откриете со нанесување пудер. Потоа, со помош на бел молив редефинирајте ја природната линија во склад со сопствените желби. Таа линија потоа извлечете ја со молив во боја на избраниот кармин. Карминот нанесете го рамномерно и потоа со четкичка нанесете светла нијанса на основниот пудер околу новата линија на усните.
#BETTYмагазин #BETTYсовети #нега #skincare #instabeauty #шминкање
Прекинувањата во дишењето во текот на сонот, познати и како слип апнеа синдром, се присутни кај пет до седум проценти од возрасната популација. Дијагнозата се воспоставува врз основа на ОРЛ преглед, назофарингоскопија и полисомнографско испитување. Уредот за полисомнографија следи низа различни параметри во текот на сонот ‒ од протокот на воздух, висината на содржина на кислород во крвта, тонусот на мускулатурата на брадата и вратот, до следење на фазите на сонот, движењата на очите и положбата на телото во текот на спиењето. Иако ’рчењето е придружен симптом на апнеата, тоа не значи дека сите кои ’рчат страдаат од ова пореметување. Меѓутоа, доколку ’рчењето е поврзано со некој од останатите наведени симптоми, потребно е пациентот задолжително да посети лекар.
#превентива #здравје #BETTYсовети #instahealth
Антивирусен лек против грип не постои, затоа посебно внимание треба да се посвети на превенцијата. Превенцијата подразбира проветрување на простории, избегнување подолг престој во затворена просторија, лична хигиена, и често миење на рацете. Исхраната да биде со доста овошје и зеленчук богат со витамин Ц и антиоксиданти. Се препорачува земање магнезиум и цинк кои го јакнат имунитетот, така што го поттикнуваат производството на лимфоцити. Неопходно е да се земаат доста течности. Пушење не се препорачува. Редовна физика активност, прошетка еден час дневно, возење велосипед и престој на свеж воздух ја јакнат одбранбената способност на организмот. Избегнувајте посети на лица заболени од грип. Земајте доста течности во вид на лимонади, топли напитоци и чаеви. Одмор, спиење и релаксација се најдобар лек за превенција не само на респираторни инфекции туку и на стресот. Не земајте на своја рака антибиотици без преглед и препорака од лекар.
#зима #студениденови #превентива #здравје #BETTYсовети
За разлика од „класичните“ алергии, кои се предизвикани од грини, полен, некои намирници и други алергени, алергијата на зима претставува реакција на студ. Стручњаците велат дека во зима е почеста од респираторните инфекции како настинка и грип, како и дека од некои облици на алергија на студ страдаат дури околу 70 % од луѓето постари од 25 години.
Во повеќето случаи алергиските реакции на студ не се опасни и престануваат релативно брзо, штом алергичното лице ќе се стопли и ќе се најде во загреана просторија. Алергија на студ не би требало да нè спречува некое време да поминеме надвор ниту да нè наведе на децата да им ги скратиме зимските радости, како мавање со топки и санкање. Доволно е, колку што е можно, да се избегнува престој на отворено кога е најладно (рано наутро и доцна навечер), добро да се затоплите, а главата и рацете да се заштитат со топол шал, капа и ракавици.
#зима #студениденови #превентива #здравје #BETTYсовети
Секојдневното внимание кое го посветуваме на негувањето на кожата на лицето, секако, ќе ја намали потребата за корективна шминка и ќе придонесе за младешки изглед. Редовната хидратација на организмот е еден од клучните фактори за добар изглед на кожата, токму како и урамнотежената здрава исхрана. Пилингот на кожата на лицето треба да се прави еднаш во неделата, а со својот фармацевт консултирајте се околу изборот на препарати со хидратантно и хранливо дејство.
#BETTYмагазин #BETTYсовети #нега #skincare #instabeauty
Болното грло е чест симптом во текот на поладните денови. Влажниот и тежок воздух ја иритира слузокожата на дишните органи, а ослабениот имунитет ја отвора вратата на вирусните и бактериските инфекции. Понекогаш, зимските денови почнуваат со симптоми кои, наизглед, се развиле во текот на ноќта. Тогаш пиеме топол чај и размислуваме како да ја ублажиме непријатната болка во грлото.
Повеќе за ова дознајте на сајтот на BETTY.
#болногрло #настинка #зима #студениденови #превентива #здравје #BETTYсовети
Collecter les statistiques #BETTYСОВЕТИ effectuez une recherche à l'obtention des statistiques (Aller à la sélection).