ситесити хрананесефрла македони нахрани10000 скоп skopje битола прилеп ресен соци црвенкрст апартамент
Компаниите продолжуваат да донираат вишок храна. Витаминка за еден месец донираше околу 2 тони храна и истата беше наменета за корисниците во Пунктот за бездомници но и многу социјално ранливи лица. Исто така храната можаат да ја подигнаат и други невладини организации преку пријавување на веб платформата на Ајде Македонија.
Let's do it Macedonia - Ајде Македонија
#ХранаНеСеФрла
#СитеСити @ajdemakedonija
Поради нашиот прекрасен тим, ХОПС си доби благодарница за придонес во мрежата #Ситесити. Станува збор за иницијатива која има за цел вишокот храна, кој сè уште е во добра состојба и безбеден за употреба, да не заврши во депониите туку да се пренамени онаму каде е реално неопходен.
Тимот на ХОПС учествуваше во теренските акции и веб платформата за собирање на храна, која потоа ја дистрибуираше до социјално ранливите граѓани кои се корисници на нашите услуги, односно до луѓето кои употребуваат дроги и сексуалните работници.